Лига на Европа: Адеми со Динамо и Црвена звезда пред пласман во нокаут фазата 

epa08844678 (L-R) - Manuel Kuttin of Wolfsberger AC), Adrijan Ademi of GNK Dinamo Zagreb and Luka Lochoshvili of Wolfsberger AC in action during the UEFA Europa League group K soccer match between Wolfsberg and Dinamo Zagreb at the Woerthersee stadium in Klagenfurt, Austria, 26 November 2020. EPA-EFE/EXPA/DOMINIK ANGERER

Хрватскиот шампион за кого настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми славеше на гостувањето кај Волфсбергер, а важна победа на гости оствари и Црвена звезда.

Аријан Адеми по историскиот успех кој го постигна со македонската репрезентација и пласманот на ЕП, реди успеси и на купски план.

Неговиот тим Динамо Загреб како гостин со 0:3 славеше против Волфсбергер и се наоѓа пред пласман во нокау фазата. Динамо Загреб е лидер на табелата во групата К со осум бода, три повеќе од Феенорд и четири од Волфсбергер и во последните два натпревари потребни му се два бода за да освои едно од првите две места и да обезбеди европска пролет.

Сите голови беа постигнати во второто полувреме, резултатот го отвори Мајер во 60. минута, а 15. минути подоцна Петковиќ по асистенцијата на Адеми зголеми на 0:2. Конечниот резултат го постави Иванушец во судиското продолжение.

На бод од пласман во нокаут фазата се наоѓа и Црвена звезда која со 0:2 славеше на гостувањето кај Гент. „Црвено-белите“ поведоа уште во втората минута преку Петровиќ, а во 58. минута Милуновиќ го постави конечниот резултат. На српскиот шампион потребен му е само бод во последните две кола за да го обезбеди второто место, а доколку Либерец не победи наредната недела, тогаш и без бод „црвено-белите“ ќе играат во нокаут фазата во Лигата на Европа.

Екипата на Лестер со голот на Варди во 95. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Брага играјќи 3:3. Португалскиот тим преку Франсеџио во 90. минута поведе со 3:2, но Варди во последните моменти од натпреварот успеа да постигне гол и да му донесе бод на својот тим со кој си обезбеди пласман во нокаут фазата.

Во дербито, Лил и Милан одиграа без победник 1:1. „Росоњерите“ кои играа без Ибрахимовиќ поведоа преку Кастиљехо во 46. минута, но Бамба му 65. минута му донесе израмнување на францускиот тим.

Резултати:

АЕК – Зорја 0:3
Брага – Лестер 3:3
ЦСКА Москва – Феенорд 0:0
ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1
Гент – Црвена звезда 0:2
Ласк – Антверпен 0:2
Либерец – Хофенхајм 0:2
Лил – Милан 1:1
Макаби Тел Авив – Виљареал 1:1
Молде – Арсенал 0:3
Карабак – Сиваспор 2:3
Спарта Прага – Селтик 4:1
Волфсбергер – Динамо Загреб 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот