Лига куп: Матиќ за пирова победа на Јунајтед во градското дерби! (ВИДЕО)

фото: твитер

Големото финале во англиското фудбалско натпреварување помеѓу Манчестер сити и Астон Вила ќе се игра на „Вембли“ стадионот во Лондон.

На „Етихад“ стадионот Манчестер јунајтед го совлада градскиот ривал Манчестер сити со 0:1 во реванш натпреварот од полуфиналето на Лига купот.

Единствениот стрелец на мечот беше српскиот интернационалец Немања Матиќ, кој подоцна заработи и црвен картон, но и покрај триумфот „црвените ѓаволи“ се елиминирани од натпреварувањето.

„Граѓаните“ предводени од шпанскиот менаџер Пеп Гвардиола славеше на првиот дуел на „Олд Трафорд“ со резултат 1:3.

Противник во финалната битка за трофејот на Сити ќе му биде Астон Вила која претходно со 2:1 триумфираше над Лестер сити.

Финалето на Лига купот ќе се одржи на 1. март на „Вембли“ стадионот во Лондон. Победникот ќе се најде во второто квалификациско коло од Лига Европа за сезоната 2020/21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот