Лига куп: Јунајтед рутински, елиминирани Ватфорд и Вест Бромвич! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Nick Potts/POOL

Три дена после поразот на стартот од Премиер лигата од Кристал Палас, Манчестер јунајтед вечерва го совлада Лутон на гостински терен со резултат 0:3 (0:1) и така се пласираше во осминафиналето на Карабао Лига купот.

Оле Гунер Солскјер започна со комбиниран состав, иако не толку слаб, со новајлијата Хендерсон, потоа Ван-Бисака, Баји, Мегваер, Вилијамс, Матиќ, Фред, Мата, Ван де Бек, Лингард и Игало.

Јунајтед го скрши отпорот на домаќините во 44 минута и тоа од пенал, кога прецизен беше Мата. Шпанецот стана првиот играч кој реализираше за Јунајтед во секоја сезона откако легендарниот Сер Алекс Фергусон ја напушти функцијата менаџер.

Неизвесноста траеше до самиот крај, а потоа на сцена стапи Мејсон Гринвуд, најпрвин во 88 минута му асистираше на Маркус Решфорд, а потоа и во судиското надополнување се запиша во листата на стрелците по додавањето на Бруно Фернандеш.

Ова е значајна победа за враќање на добрата атмосфера на „црвените ѓаволи“ после поразот од Кристал Палас, а во наредното коло од Премиер лигата, екипата на Солскјер ќе му гостува на Брајтон.

Елиминиран е составот на Ватфорд кој загуби кај Њупорт со 3:1, а после пенал серијата Брентфорд непријатно го изненади Вест Бромвич. Најубедлив беше Вест Хем против Хал (5:1), додека поради позитивни случаи на коронавирус одложен е мечот Лејтон Ориент-Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот