Лига Европа: За 100 денари бодрете ги „пандевци“!

Фото: ФК Академија Пандев

В четврток на 11 јули со почеток од 19.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, „пандевци“ ќе го играат првиот натпревар од првото квалификациско коло на Лига Европа против босанскиот претставник Зрињски Мостар.

Клубот ги информира сите љубители на фудбалот дека картите за овој меч се веќе во продажба по симболична цена од 100 денари.

Карти може да се набават онлајн на www.kupikartizase.com, во сите продажни места низ Македонија, како и на самата билетара на арената „Тодор Проески“ во Скопје на денот на натпреварот.

Информација и за сите струмичани дека ќе има организиран превоз, како и обезбедена влезница за сите кои ќе патуваат со организираниот превоз.

Фото: Академија Пандев

Задолжително најдоцна до вторник секој заинтересиран треба да се пријави во канцеларијата на Академија Пандев во спортска сала „Парк“. Тргнување на ден на натпревар во 15.30 часот од паркингот на спортската сала.

Со овој дуел екипата испишува една нова страница во клубската историја, а играчите ветуваат ќе дадат се од себе да што подолго се задржат во европските натпреварувања.

– Затоа ги покануваме сите љубители на фудбалот да дојдат и да ни дадат поддршка и со победа да ги стартуваме квалификациите за Лига Европа – велат од ФК Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот