Лига Европа: Ракометарите на Металург на „минус 13“ во Русија!

Фото: rkmetalurg.mk

Тимот од „Автокоманда“ допатува во Русија само со 11 ракометари, отсуствуваа играчи поради повреди и позитивни на ковид-19. Металург денеска се бореше колку што можеше, на крајот убедлив пораз од Чеховски Медведи со 40:27 (22:11) во својот четврти натпревар сезонава во Лига Европа.

Македонската екипа не успеа ниту еднаш да поведе во текот на средбата, израмни само на почетокот 1:1, беше рамноправен во првите 10 игра со само негатива од еден-два голови разлика.

А при резултат 6:4 домаќинот успеа да направи серија од 5:0, а потоа константно предноста растеше на рускиот клуб.

За нашиот претставник по шест голови имаа Хорват, Поповиќ и Рниќ, а на спротивната страна по осум погодоци запишаа Ермаков и Котов.

На табелата во групата „А“ Металург останува единствениот без триумф, на последното шесто место со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот