Лига Европа: Ракометарите на Е. Пелистер подготвени за францускиот Ним

Е. Пелистер втора година по ред ќе игра во Лигата на Европа/ фото: РК Е. Пелистер

Денеска од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола составот на Е. Пелистер ќе го игра првиот натпревар од новата сезона во Лига Европа.

Противник на македонскиот претставник е француската екипа на Ним која форсира цврста и брза игра во текот на мечот.

Тренерот на битолчани, Хрватот Жељко Бабуќќ е свесен дека ќе има многу контакти, трчање и класично „тепање“ на теренот.

Е. Пелистер се наоѓа во групата „Д“ каде што ќе играат и грчкиот АЕК, португалскиот Спортинг, Татабања од Унгарија и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.

Потсетување дека првопласираните од секоја група ќе обезбедат место во нокаут-фазата. Во ова натпреварување ќе настапува и нашиот Кирил Лазаров со францускиот Нант кој во групата „Б“ му гостува на финскиот Кокс.

Лига Европа 2021/2022

Група „Д“
1. коло, двојки –

18.45 часот АЕК – Татабања
20.45 часот Е. Пелистер – Ним
20.45 часот Спортинг – Кадетен Шафхаузен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот