Лига Европа, Наумовски: Не одиме со бело знаме во Баку!

фото: facebook.com/ShkupiFC/

Во добра атмосфера играчите на Шкупи го очекуваат утрешниот натпревар од првото квалификациско коло на Лига Европа против Нефчи.

Овој меч (27. август, четврток, 18.00 часот по македонско време) ќе се игра во Баку (Азербејџан), противникот ја има фаворитската улога, но клубот од Чаир ќе се обиде да изненади и со триумф се пласира во следната рунда.

Голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски е исто така свесен за квалитетот на противникот, но нашиот претставник во ова натпреварување нема да се предате така лесно на оваа  пресметска.

Пред нас е еден добар и силен противник. Го анализиравме ривалот и неговите слабости и квалитети. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од нас, сите кои ќе бидат на теренот ќе го дадат максимумот. Одиме да играме фудбал и ќе видиме што ќе се случи, ние одиме на победа. Имавме добри подготовки, не одиме со бело знаме во Баку – вели Наумовски.

Сите фудбалери, стручниот штаб и останатите во клубот се тестираа за Ковид-19, сите резултати се покажаа негативни.

Шкендија во Азербејџан без Алими поради Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот