Лига Европа: Натпреварот Металург-Спачва без присуство на публика!

фото: facebook.com/ihtstruga

Првиот натпревар од двомечот од првото квалификациско коло во Лига Европа, меѓу екипите на Металург и Спачва од Хрватска, ќе се одигра во салата „Автокоманда“ на 30 август.

Истиот натпревар ќе започне од 19.00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, според сите протоколи на Европската ракометна федерација.

Македонскиот претставник на својот противник му предложи двете средби да се одиграат во Скопје, но раководството на хрватскиот клуб го одби овој предлог.

Според тоа, првите 60 минути ќе се одиграат во утврдениот термин во Автокоманда, додека реваншот ќе се игра на теренот на противникот во Винковачко Село.

Оваа недела играчите на тренерот Зоран Кастратовиќ ја темпираат формата за новата сезона на традиционалниот турнир во Струга кој вчера го стартуваа со пораз од Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот