Лига Европа, финале: Интер му се заканува на рекордерот Севиља!

фото: твитер

Фудбалерите на Севиља и Интер ќе играат вечерва во финалето на Лига Европа (21.00 часот) на стадионот „Рејн Енерги“ во Келн, Германија).

Тоа ќе биде дуел помеѓу петкратниот освојувач и рекордер на ова натпреварување и миланскиот клуб кој трипати беше шампион на Европа, но исто толку пати го подигнуваше и пехарот во Купот на УЕФА.

Учинокот на Севиља во финалните натпревари во ова натпреварување е пет од пет, додека Интер три од четири.

Немаат некоја значајна улога во Лигата на шампионите, но затоа Шпанците доминираат во ЛЕ и не знаат за пораз во финалето. „Неро-аѕурите“ го играат првото европско финале после 10 години и ќе се борат за титулата која би можела да им ја спаси сезоната.

Пред нас е страшно голем предизвик, бидејќи за противник добивме учесник во Лигата на шампионите, зад кој има многу големи партии во тоа натпреварување и посебно во нокаут фазата на Лига Европа. Италијанците дојдоа до тука, затоа што имаат доволно играчи со екстра квалитети и многу искусен тренер – вели стратегот на Севиља, Хулен Лотепеги.

Конте пред финалето со Севиља: Зборот „страв“ не постои во мојот речник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот