Лига Европа: Еурофарм Пелистер брка изненадување во Данска!

фото: Е. Пелистер

Ниту една екипа не чекаше толку долго на рестартот на официјалните натпревари како Еурофарм Пелистер, по повеќе од осум месеци екипата на Жељко Бабиќ ќе игра официјален натпревар.

Денеска со почеток од 18.45 часот македонскиот претставник на гостински терен ќе го игра првиот меч во Лига Европа, а ривал ќе му биде водечката екипа во данскиот шампионат, ГОГ Гудме. Дуелот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер ќе го водат германските судии Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд.

И покрај моќниот противник и проблемите со долгата пауза, Бабиќ е оптимист.

– Многу е тешко кога ќе имате фокусираност и интенизитет, мина премногу време од нашиот последен официјален натпревар. Многу е тешко да се одржи формата само преку тренинзи, но и тоа е дел од нашата тренерска работи, во отежнати околности да го извлечеме максимумот од тимот.

Гудме е многу добра екипа, моментно е лидер во данското првенство, што доволно говори за квалитетите на овој состав. Најмногу го краси извонредното движење на топката, често играат „еден на еден“ и трчаат без престан 60 минути. Многу се опасни при транзицијата од одбрана во напад, она што ние треба да го сториме е да го контролираме нашиот посед на топка, да имаме трпение во офанзивата, да имаме дисциплинирани шутеви, со што потоа би имале време да се вратиме, да поставиме зона во одбраната и да го забавиме ритамот на мечот. Верувам дека во одбранбената зона ќе бидеме цврсти и на тој начин ќе им создадеме проблеми на Данците – рече хрватскиот стручњак.

Сите ракометари на Е. Пелистер негативни на коронавирус, тренерот Бабиќ со комплетен тим против Гудме

Нашиот репрезентативец Марио Танкоски верува дека предноста на битолскиот клуб може да биде долгиот период за подготовка на средбата.

Скоро еден месец го анализиравме ГОГ Гудме и тоа е наша предност, за разлика од нив кои немаа толку време да ја анализираат нашата игра. Од другата страна нивна предност е брзата игра, но мислам дека со тактиката која ја подготви Бабиќ во одбраната можеме да извојуваме победа. Се чувствувам среќно во овој клуб и чест ми е да работам со еден одличен тренер каков што е Бабиќ, кој се грижи за играчите, што е вистинска реткост – вели Танкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот