Лига Европа: Адеми против ЦСКА Москва, холандски предизвик за Велковски

фото: твитер

За денеска се закажани натпреварите од второто коло во групите на Лига Европа, дербито на рундата се очекува да биде на „Сан Себастијан“ во Шпанија каде силите ќе ги одмерат Реал Сосиедад и Наполи (21.00 часот).

„Наполитанците“ на Џенаро Гатузо стартуваа неуспешно со домашен пораз од АЗ Алкмаар, додека Сосиедад со 1:0 славеше против Риека.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не играше против Холанѓаните поради позитивниот тест на коронавирус. Клубот од „Сан Сиро“ објави пред пет дена дека Елмас е негативен на ковид-19, повторно тренира, се наоѓа и во составот за вечерашниот дуел, но после три недели отсуство од терените, можеби натпреварот со Реал Сосиедад ќе го гледа од клупата, но последните одлуки ги донесува Гатузо.

Во истата група „Ф“ хрватската Риека на нашиот Дарко Велковски од 21.00 часот ќе се обиде да направи добар резултат на гостувањето кај холандскиот АЗ Алкмаар.

Во групата „К“ Динамо Загреб на Аријан Адеми после ремито дома со Феенорд, денеска хрватскиот клуб од 18.55 часот гостува во Русија кај ЦСКА Москва која исто така започна со бод против австрискиот Волфсбергер.

Лига Европа, 2. коло

18.55 часот
Милан-Спарта Прага
АЕК-Лестер
Антверпен-Тотенхем
ЦСКА Москва-Динамо Загреб
Феенорд-Волфсбергер
Црвена звезда-Либерец
Зорја Луханск-Брага
Гент-Хофенхајм
ЛАСК-Лудогорец
Лил-Селтик
Карабах-Виљареал
Сиваспор-Макаби Тел Авив

21.00 часот
Арсенал-Дандалк
Рома-ЦСКА Софија
АЗ Алкмаар-Риека
Бенфика-Ст. Лиеж
Клуж-Јанг Бојс
Гранада-ПАОК
Молде-Рапид Виена
Ница-Х. Беер Шева
Омонија-ПСВ
Ренџерс-Лех Познањ
Реал Сосиедад-Наполи
Славија Прага-Баер Леверкузен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот