Лига 1: Аргентинско „танго“ среде Париз! (ВИДЕО)

фото:твитер

Фудбалерите на ПСЖ славеа како домаќини против Лил со 2:0 во првиот натпревар од 14. коло во француската Лига 1.

Избраниците на тренерот Томас Тухел така без поголеми проблеми стигна до 11. првенствена победа во сезоната и сега имаат 33 бодови, 11 повеќе од Марсеј кој има меч помалку.

Сите дилеми на стадионот во Париз беа решени во текот на првото полувреме, првиот гол се реализираше во 17. минута, кога после една акција на Идриса Геје од десната страна одлично реагираше Мауро Икарди.

Топката помина под ногата на играчот на Лил, а Икарди беше на втората стататиа и не можеше да утне за радост на „Паркот на принцовите“.

Во 31. минута беше поставен конечниот епилог, Јулијан Дракслер му асистираше на Анхел Ди Марија кој мајсторски на свој начин ја погоди гостинската мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот