Лидс само што влезе во Премиер лигата веќе планира трансфер бомби, Ибрахимовиќ, Кавани…

Управата на Лидс не се радува премногу на пласманот во Премиер лигата и веќе започна да се подготвува за новата сезона. Тимот за кој настапува и македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиовски, по пауза од 16 години ќе игра во Премиер лигата, почна да размислува за засилувањата, а буџетот се очекува да изнесува околу 200 милиони евра.

Лидс со промоцијата до богатство, шанса за квалитетни трансфери!

Најзвучно име кое се поврзува со трансфер на „Иланд роуд“ е тоа на Златан Ибрахимовиќ. Сопственикот на Лидс, Андреа Радризани признава дека се мали шансите за трансфер на Ибрахимовиќ, но затоа реална опција е Единсон Кавани.

– Ќе биде тешко да се донесе Ибрахимовиќ, а за Кавани ќе видиме, тој е достапен за нас – изјави Радризани.

Ибрахимовиќ кој настапува за Милан има договор со крајот на сезоната, а се шпекулира дека најверојатно ќе се врати во Шведска и кариерата ќе ја заврши во Хамарби, а Радризани открива дека тие разговарале уште во јануари за евентуален трансфер.
– Мислам дека сега е веќе доцна – вели Радризани кој е далеку поголем оптимист кога станува збор за Единсон Кавани кој исто така е слободен играч по заминувањето од ПСЖ.

– Освен што е неверојатен фудбалер, Кавани може лесно да се адаптира на Лидс и на англискиот фудбал. Засега не сум разговарал со тренерот за Кавани, но сигурно е дека сме заинтересирани за него бидејќи е слободен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот