9.2 C
Скопје

Лидс сака да му обезбеди нов договор на Алиоски!?

Повторно англиските медиуми информираат за можно продолжување на соработката помеѓу македонскиот репрезентативец и клубот од „Иланд роуд“.

Уште пред крајот на минатиот месец започнаа најавите дека Лидс планира да обезбеди нов договор за Езџан Алиоски. Играчите на менаџерот Марсело Биелса денеска им се враќаат на обврските во Премиер лигата, на домашен терен се домаќини на Лестер од 21.00 часот.

Тоа е шанса да се продолжи нивниот добар старт, моментно се на 12 позиција со 10 бода и со евентуален триумф ќе се најдат на делба на третото место, со само три бода помалку зад водечкиот Ливерпул. Аргентинскиот стратег беше активен во летниот период на трансфер пазарот, а сега на неколку месеци пред јануари повторно се отвораат можности за нови промени во составот.

Прочитајте и...  Георгиевски: Мора да бидеме подобри на дуелот против Белорусија

Поранешниот англиски репрезентативец Кевин Филипс и воедно „Златна копачка“ пред точно 20 години за „Фудбал Инсајдер“ вели дека го советуваше Лидс да му биде продолжен договорот на Алиоски.

– Од она што го знам, неговиот став е добар и на секој клуб му треба таков играч. Тој е фудбалер кој може да ги промени нештата и има брилијантна комуникација со клубот.

Кога ќе добие шанса од клупата, може да ја смени играта, а доколку започнете со него, покажува и малку магија. Во секој случај, тој не се жали и на секој состав му треба таков играч. Клубот би сакал да го задржи и му обезбеди нов договор – се зборовите на Филипс.

Прочитајте и...  Интерес од Олимпијакос, Спортинг ја одреди цената за Ристовски

Важечкиот договор на нашиот репрезентативец со премиерлигашот истекува на 30 јуни 2021 година и би можел потенцијално да потпише пред-договор со странски клуб од јануари.

Поврзани вести

Лазаров: На ова СП не се претставивме достоинствено, треба да се бориш до крај!

Слободен печат

РК Металург: Треба сите клубови да ѝ помогнат на македонската репрезентација

Слободен печат

Работнички со прва победа во зимскиот подготвителен период

Слободен печат

Гечевски: Не се откажуваме од Јакимовски и од Вајли

Благоја Георгиевски

ВИДЕО: Арсенал елиминиран, ФА купот ќе има нов шампион!

Слободен печат

Ристовска: Лазаров уште утре би можел да биде селектор на Македонија!

Слободен печат

Остави Коментар