Фудбалерите на Лидс го совладаа Саутемптон со убедливи 3:0 во заостанатиот натпревар од 18. коло во Премиер лигата.
Со победата над Саутемптон, фудбалерите на Лидс ја прекинаа негативната серија од два порази по ред.
Сите три гола паднаа во второто полувреме, а резултатот го отвори Патрик Бамфорд во 47. минута по асистенцијата на Тајлер Робертс. Во 78. минута Стјуарт Далас зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Рафиња со гол од слободен удар во 84. минута.
Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски натпреварот го започна од клупата за резервни играчи, но менаџерот Марсело Биелса го внесе во игра во 59. минута на местото на Матеуш Клих.
Лидс сега 35. бода со кои се наоѓа на 10. позиција на табелата, додека Саутемптон е 14. со 30 бодови.