Лидс ќе го награди Биелса за пласманот во Премиер лигата, платата ќе му биде поголема два милиони евра

Марсело Биелса сезонава немаше најдобри резултати со Лидс во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/TONY MCDONOUGH

Марсело Биелса добро ќе го наплати пласманот на Лидс во Премиер лигата и тоа со зголемување на неговата плата.
Договорот кој му важи до крајот на неделата му носеше 6.6 милиони евра, а челниците на Лидс веќе подготвија нов договор за „лудакот“ кој ќе му носи 8.8 милиони евра годишно.

Новиот договор е награда за Биелса бидејќи го внесе Лидс во Премиер лигата и тоа по пауза од 16 години.

– Виктор Орта, Андреа Радризани и јас наскоро ќе седнеме на маса со Марсело и ќе разговараме за плановите за следната сезона. Тој има можност да го продолжи договорот, знае во која насока сакаме да одиме, ќе разговараме за оние играчки работи, како и за деталите што сè уште треба да се решат – изјави рече извршниот директор на Лидс Ангус Кинир.

Лидс за кого настапува и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, за пласманот во Премиер лигата како и од ТВ правата, наредната сезона ќе заработи дури 220 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот