Лидс „гази“ во Чемпионшип: Алиоски со првенец сезонава против Стоук! (ВИДЕО)

twitter.com/MoscowhiteTSB

Денеска во рамките од петтото коло во Чемпионшип, екипата на Лидс дојде до четвртата победа оваа сезона на гостувањето кај Стоук (0:3).

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар, воедно придонесе во победата со погодок во 50 минута од средбата за зголемување на 0:2.

https://twitter.com/LUFC_Goals/status/1165280408960765952

Бамфорд правовремено го пронајде нашиот играч кој се најде во вистинскиот момент и од непосредна близина ја затресе мрежата за голема радост кај навивачите на Лидс.

Претходно гол серијата ја започна Далас во 42 минута, а конечниот епилог го постави Бамфорд во 66 минута.

Моментно на табелата води Лидс со 13 бодови, пред Чарлтон кој има 11, а на делба на третото место по 11 се Свонси и Бристол сити. Токму Свонси е следниот противник на Лидс во шестото коло на Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот