Лидс даде контроверзен гол, па Биелса нареди да му пуштат на противникот (ВИДЕО)

Screenshot

Натреварот помеѓу Лидс и Астон Вила во Чемпионшип дивизијата, ќе остане запаметен по контроверзниот погодок на домашниот тим но и одлуката на Биелса да му се дозволи на противникот да постигне гол.

Лидс поведе во 73. минута преку Клич иако еден од противничките играчи лежеше на тревникот поради повреда. Домашните фудбалери не ја исфрлија топката за да се укаже лекарска помош туку постигнаа гол по што настана хаос на теренот. Во турканиците највоинствен беше Ел Гази од Астон Вила кој заработи  црвен картон.

Но, откако тренерот на Лидс, Марсело Биелса виде дека голот е постигнат на нечесен начин им нареди на своите играчи да останат мирни и да му дозволат на противникот на израмни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот