Лидл планира револуционерен потег, ќе се користат само каси за самонаплата

Лидл/ Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS
Лидл/ Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Лидл отсега ќе издава само електронски сметки за корисниците на апликацијата Лидл плус, додека хартиените ќе продолжат да се издаваат на клиенти кои не ја користат програмата за лојалност, објави „Сее.биз.еу“.

Како што пренесуваат грчките медиуми, Грција во следните две години би можела да стане првата филијала на компанијата која ќе им овозможи на клиентите да купуваат исклучиво на каси за самопослужување. Купувачите ќе ги вршат своите набавки со помош на вработените, но и со можност купувањето да го платат во готово.

Доколку проектот се покаже како успешен, компанијата планира да го претстави и на други пазари, пренесува Ритеил Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот