Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во серијалот „Жикина династија“ вчеравечер почина на 57-годишна возраст, пренесува „РТС“.

Нејзината колешка Лидија Вукичевиќ потресена од веста за смртта на Риалда изјавила дека ќе ја памети нејзината колешка како прекрасна и ведра личност:
„Страшно е! Шокирана сум. Можеби не се дружевме приватно, но долго глумевме во ист филм каде што немавме дури ни многу заеднички сцени. Се познаваме добро. Таа беше прекрасна, ведра и весела личност. Не знам од што починала. Слушнав од некои медиуми дека страдала од депресија, не знам. Многу сум тажна и сум во шок“, изјави Лидија Вукичевиќ за „Нова.рс“.