Лидија се занесе од тоа што сите и велат дека добро изгледа, па во фотошоп ги искриви работите околу себе, но и себе! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Популарната актерка Лидија Вукичевиќ (57) важи за една од најзгодните и најубави дами на српската јавна сцена, но овој пат очигледно се заиграла во фотошоп и искривила се околу себе.

Иако е во шестата деценија од животот, многумина сметаат дека актерката има прекрасно тело, како и дека е една од ретките на кои годините не и можат ништо, па изгледа исто како пред 30 години.

Меѓутоа, Лидија очигледно сакала да ја „разубави“ својата фотографија во бикини, која ја објави на својот Инстаграм, но го направила сосема спротивното и поради тоа е мета на исмејување.

Имено, со помош на алатката фотошоп, таа се обидела да го отстрани вишокот од себе, но со тоа ги деформирала предметите околу себе.

Таа седи на столица, а сите коментари се дека ги искривила дрвените детали и дека драстично си ја намалила половината.

Погледнете:

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот