Лидерската средба траела шест часа, новинарите револтирано си заминале откако не добиле изјави

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По повеќе од шест часови чекање за изјави, новинарите кои ја следеле лидерската средба синоќа си заминале од Собранието.

На лидерската средба требаше да се разговара за Законот за јавно обвинителство, но како што пренесуваат повеќе извори, и двете страни цврсто стоеле на своите позиции и затоа дури до 2.30 по полноќ не бил постигнат договор.

Револтираните новинари  поради тоа што состанокот помеѓу Заев и Мицкоски трае доцна по полноќ, а никој не дава изјави и информации,  сложно го напуштиле настанот.

Она што се дознава, а како што пренесува СДК.МК е дека Мицкоски побарал предистрагите, истрагите и обвиненијата поведени по 30 јуни 2017 година да запрат со изрична законска одредба која би се вметнала во Предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа бил само еден од условите од Мицкоски за да гласа ВМРО-ДПМНЕ за законот, кој се носи со двотретинско мнозинство.

Истиот извор пренесува и дека Заев и министерката за правда Дескоска не прифаќаат таков предлог, со образложение дека опстанокот на предметите на СЈО до нивното конечно расветлување, се бенчмарк кој се очекува од Македонија да го исполни, за да може да очекува датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот