ЛИДЕРСКА: За влез во ЕУ согласни, а сега ќе крчкаат датум за избори

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на државата Стево Пендаровски информираше дека разговарале само за заклучоците на Советот на Европската Унија, а изборите сѐ уште не биле тема на маса на лидерската средба.

Пендаровски рече дека со лидерите на парламентарните политички партии се согласиле кој и да е во иднина на власт дека нема друга алтернатива, освен полноправно членство на земјава во ЕУ.

– Имаме јасен државен консензус дека тие стојат зад идејата на Северна Македонија што побрзо да стане земја-членка на Европската Унија – рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека не е тој што треба да каже дали треба да има избори, туку, во надлежностите на претседателот, каква и да е одлуката да биде консензуална. Им предочил на техничкиот аспект дека и земјава треба како последна да го ратификува НАТО протоколот, за да не се попречи процесот ако предвреме се распушти парламентот.

Шефот на државата по паузата се врти на средбата каде најави дека ќе зборуваат за брзи предвремени избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот