Лидерска средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски в среда

Фото: Колаж/Слободен печат

На покана на премиерот Димитар Ковачевски, средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е закажана за 7 јуни во Клубот на пратеници во 11 часот. „Слободен печат“ веќе објави дека лидерската средба е планирано да се одржи в среда во Клубот на пратениците, но дека проблем е форматот на состанокот, односно дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски инсистира на тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски.

-Ве информираме дека на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Тие информираат дека на средбата главна тема ќе бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието во однос на евроинтеграциите на државата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот