Лидерот на израелската опозицијата ќе формира Влада без Нетанјаху

Изборите на 2 март се трети за помалку од една година. Во април и во септември минатата година се одржаа парламентарни избори но, тие завршија без победник и без нова влада.

Лидерот на израелската опозиција Бени Ганц денеска, две недели пред изборите, изјави дека ќе формира влада без премиерот Бенјамин Нетанјаху и без поддршка од коалицијата Заедничка листа, составена претежно од арапски партии.

Ганц најави дека ќе формира влада со еврејските и демократските партии, вклучително и ултранационалистичката партија на Авигдор Либерман или со владејачката партија Ликуд, но само ако партијата се откаже од долгогодишниот лидер Нетанјаху, кој се соочува со обвиненија за корупција.

– Ликуд со Биби (Нетанјаху) не може да формира влада, а без Биби постои единство, наведе Ганц.

Изборите во Изреал се закажани на 2 март. Според анкетите партијата Сино и бело на Ганц има поголема поддршка од Ликуд на Нетанјаху, но најверојатно ниту една од овие две партии нема да освојат парламентарно мнозинство неопходно за формирање на коалициска влада.

Прочитајте и...  Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

Лидерот на Заедничка листа, Ајман Одех претходно изјави дека Ганц нема да може да формира владејачка коалиција без Листата.

Изборите на 2 март се трети за помалку од една година. Во април и во септември минатата година се одржаа парламентарни избори но, тие завршија без победник и без нова влада. По септемвриските избори ниту премиерот на Израел Нетанјаху, ниту неговиот главен ривал  Ганц го немаа неопходно мнозинство од најмалку 61 од вкупно 120 пратеници во Кнесетот. Главните ривалски партии не успеаја да се договорат и за влада на национално единство поради што се организираа нови избори.

Прочитај повеќе

Втор викенд со полициски час, празни улици низ Скопје (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација од 20.000 китови за тестирање

Слободен печат

Бојаџиев: Инфективното одделение и дежурниот лекар ги запазиле процедурите за коронавирус кај 78-годишниот велешанец

Слободен печат

Спасовски: Ова е и повик до сите наши граѓани – Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници

Слободен печат

Руската помош за Италија не е квалитетна?

Корона криза во доба на роботи: „Каде тргнавте госпоѓо? Лична карта, ве молам!”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Унгарија подготвува 27 милијарди евра за живнување на економијата

Слободен печат

Во Швајцарија од Ковид-19 починаа 540 лица, во Холандија бројката се искачи на 1.651

Бојана Нојиќ

Внуката на сенаторот Роберт Кенеди и нејзиниот син исчезнаа во водите на Заливот Чесапик

Бојана Нојиќ

Бремената свршеница на Борис Џонсон имала симптоми на Ковид-19

Слободен печат

Охриѓанката Нацева донира маски, ракавици и дезинфекциски средства за полицајците

Слободен печат

Погледнете како изгледа пазарот во Неапол среде пандемија на коронавирус (ФОТО)

Слободен печат