Лидерот на Хезболах и се закани на Саудиска Арабија: Војна против Иран би ве уништила

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала/Фото: Архива на Слободен печат

Лидерот на либански Хезболах, Саид Хасан Насрала денеска ја предупреди Саудиска Арабија да не се „обложува” на војна против Иран затоа што тоа ќе ја уништи нивната земја.

Тој, исто така, ги повика Ријад и Обединетите Арапски Емирати да ја запрат војната во Јемен, наместо да купуваат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

– Не обложувајте се на војна против Иран затоа што ќе ве уништи – рече Насрала во телевизиското обраќање.

– Вашите домови, како и вашата економија се од стакло. Исто како стаклените градови на Емиратите – рече водачот на Хезболах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот