Лидерот на Хезболах ги предупреди Израел: Повлекувањето на САД од Авганистан нека ви биде лекција

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала/Фото: Архива на Слободен печат

Хасан Насрала, лидерот на либанското екстремистичко движење Хезболах, оцени дека повлекувањето на САД од Авганистан треба да послужи како лекција за Израел дека таа земја не е сигурен партнер, пренесува израелски и24њуз.

Синоќа Настрала се обрати до неговите поддржувачи, истакнувајќи дека талибанското преземање на Авганистан е „морален пад на Америка”.

„Оние кои највнимателно следат извлекуваат заклучоци од него се Израелците“ рече тој.

Тој оцени дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да „прифати историска грешка” за да докаже промена во американската политиката, односно дека САД во иднина нема да војуваат со други земји, и реторички праша што би значела новата американска надворешна политиката за Либан и неговите соседи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот