Лидерот на ДСК и поранешен косовски премиер Иса Мустафа е позитивен на коронавирусот

Фото: МИА

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и поранешен косовски премиер Иса Мустафа изјави дека е позитивен на новиот коронавирус и во следните денови ќе биде во самоизолација.

Мустафа на својот Фејсбук профил напиша дека освен што се чувствува истоштено, нема други симптоми.

– Останатите членови на моето семејство не се позитивни. Следните денови ќе ги поминам во изолација, напиша Мустафа, апелирајќи до сите граѓани да се придржуваат кон пропишаните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот