Лидерот на „Демократска Бугарија”, Христо Иванов, поднесе оставка по исклучително слабиот резултат на изборите

Избори во Бугарија/ Фото: МИА

 Христо Иванов, кој е копретседавач на партијата „Демократска Бугарија” денеска поднесе оставка на партиската функција поради исклучително лошиот изборен резултат во однос на претходните парламентарни избори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иванов кажа дека тој мора да преземе одговорност и дека поднесува оставка од функцијата претседател на „Да, Бугарија!”

Иванов за утре најави дека го свикува Национален совет на партијата, на кој ќе предложи неколку одлуки – едната е закажување Национална конференција за избор на ново раководство на „Да, Бугарија!

Тој денеска му честиташе на победникот од овие избори „Промените продолжуваат”.

Според првичните резултати од парламентарните избори во Бугарија коалицијата „Демократска Бугарија” во која влегуваат „Да, Бугарија!”, Демократи за силна Бугарија, Движењето на зелените по вчерашното гласање излезе шеста политичка сила во земјата со нешто помалку од шест отсто поддршка од гласачите.

Според Иванов, резултатот покажува многу сериозно отстапување од резултатите што „Демократска Бугарија” ги постигна и на изборите на 4 април и на 11 јули. И во оваа смисла тоа не може да се оцени поинаку, освен како многу сериозен удар врз способноста на „Демократска Бугарија” да ги исполни мисиите и каузите што ги презеде.

Извор: МИА

Видео на денот