ЛИДЕРКАТА НА ХОНГКОНГ НЕ САКА ДА ГИ КРШИ ЗАКОНИТЕ: Нема нови отстапки за демонстратите

Фото: EPA-EFE/ALY SONG

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам денеска повторно ја исклучи можноста за правење нови отстапки за демонстрантите, кои повеќе од шест месеци протестираат барајќи исполнување на пет барања, пренесува „Танјуг“.

Тие. меѓу другото, бараат премиерот и пратениците на Хонгконг да се избираат директно, како и да се спроведе независна истрага за постапките на полицијата врз демонстрантите.

Единствено барање кое досега е исполнето е повлекување на предложениот закон за екстрадиција, кој беше повод за почеток на протестите во јуни.

– Што се однесува до другите барања, мора да се држиме до некои важни принципи. Ако одделни барања принудуваат од нас отстапување од законите, непочитување на владеењето на правото во Хонгконг, тогаш не можеме да ги прифатиме, истакна Кери Лам.

Едно од барањата на демонстрантите е и амнестија на повеќе од 6.000 уапсени учесници на протестите. Лам нагласи дека и тоа не е законски можно.

Изминатиов викенд се одржа голем марш на кој, според проценките на организаторите, учествувале 800.000 луѓе. Тие извикувале „Пет барања, ниту еден помалку”.

Лам изјави дека протесот „ја покажува слободата која ја уживаат граѓаните на Хонгконг”, тврдејќи дека обвинувањата за ограничување на слободата се неосновани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот