Лидерката на Хонгконг ги критикува странските власти: Не ги „разубавувајте“ кривичните дела

Странските влади ги „разубавуваат“ делата кои ја загрозуваат националната безбедност на Хонг Конг, изјави лидерката на полуавтономната област во Кина, Кери Лам.

Лидерката ги критикуваше странските земји, вклучувајќи ги и САД, кои ги осудија за апсењата на уредникот и новинарот на продемократскиот медиум Ејпл дејли.

Полицијата на Хонг Конг минатата недела уапси пет новинари, меѓу кои и главниот уредник Рајан Лоу, повикувајќи се на законот за национална безбедност.

,,Не се обидувајте да го потценувате значењето на кршењето на законите околу националната безбедност и не се обидувајте да ги разубавите делата кои ги загрозуваат националните безбедности, кои странските влади толку си ги земаа при срце“– изјави Кери Лам.

Лам алудираше и на коментарите на потпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, кој изјави дека властите на Хонг Конг го користат законот за да ги замолкнуваат медиумите.

Политичката атмосфера во поранешната британска колонија, значително е влошена по загушувањето на демократските движења кои во 2019та година масовно поттикнаа протести на населението поради централната власт во Пекинг.

Властите потоа усвоија закон за националната безбедност во кој се вели дека само ,,патриотите“ можат да владеат во Хонг Конг.

Законот, кој предвидува и доживотна казна, се однесува на кривичните дела поврзани со субверзија, отцепување и тероризам, но и за некои неодредени формулации, властите ги користат за казнување дисиденти.

Извор: Бета.рс

 

Полицијата во Хонг Конг уапси петмина уреденици на весникот „Епл Дејли”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот