Лидерите од Г-7 ќе разговараат за кризата во Авганистан

Војници илустрација/ Фото Архива на СП

Лидерите од Г-7 на виртуелен самит во вторник ќе разговараат за кризата во Авганистан, соопшти денеска британскиот премиер Борис Џонсон, една недела откако Талибанците ја презедоа власта.

„Од витално значење е меѓународната заедница да работи заедно за да обезбеди безбедна евакуација, да спречи хуманитарна криза и да го поддржи авганистанскиот народ во обезбедувањето на придобивките од последните 20 години”, напиша Џонсон на Твитер.

Обединетото Кралство во моментов претседава со групата богати нации, која ги вклучува и Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, а Џонсон се залагаше за состанок во текот на изминатата недела.

Западните сојузници се соочуваат со зголемени критики за справување со кризата во Авганистан во услови на хаотични сцени, додека илјадници Авганистанци и странци се обидуваат да го напуштат Кабул откако џихадистите ја презедоа власта во Авганистан.

По виртуелниот состанок во четвртокот, министрите за надворешни работи на Г-7 ги повикаа Талибанците да обезбедат безбеден премин на оние што се обидуваат да избегаат од главниот град, што беше прва официјална изјава на Г-7 за кризата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот