Лидерите на земјите членки на ЕУ на дводневен состанок на ЕС во Брисел

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе се соберат денеска на завршен годишен состанок на Европскиот совет во Брисел. Разговорите треба да почнат во 13 часот, а самитот ќе трае два дена.

И покрај сегашната епидемиолошка состојба, лидерите на земјите-членки ќе пристигнат во Брисел, а Европскиот совет ја нагласуваат важноста на физичкото присуство поради сите „комплицирани прашања” што се на дневен ред.

На првиот ден од самитот ќе се разговара за ситуацијата со пандемијата на ковид-19 во Европа.

Втората точка на агендата ќе биде борбата против климатските промени и договорот за постигнување на климатска неутралност во Европа до 2050 година и подигање на планираните цели за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година.

Безбедноста на ЕУ, борбата против тероризмот, екстремизмот и радикализацијата исто така ќе бидат на дневен ред, како и проценка на надворешно-политичката состојба.

Во контекст на надворешно-политичките односи, се очекуваат важни разговори за конкретизирање на идните односи со Турција.

Се очекува лидерите на ЕУ 27 да донесат избалансирана одлука со која треба да се помират некои од земјите-членки кои се залагаат за воведување санкции и оние кои ја потенцираат важноста на соработката со Турција, пред се за прашањето за миграцијата.

Лидерите на ЕУ, исто така, ќе разговараат за идните односи со новата администрација во Вашингтон и зајакнувањето на трансатлантската соработка.

Во петок, вториот ден од самитот во Брисел ќе започне со состанок на земјите кои користат иста валута, еврото, кој ќе биде посветен на закрепнување на економијата и зајакнување на монетарната и фискалната унија.

Во исто време, се наведува дека на овој самит не се очекува „дебата или одлука за брегзит”, но дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ги информира лидерите за моменталната состојба во преговорите.

Иако во претходните години беше вообичаено лидерите на ЕУ 27 да ги „поздравуваат” министерските заклучоци за Западен Балкан на самитот во декември, проширувањето за оваа година не е на агендата на самитот во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот