Лидерите на Советот на Европа реагираат на најавеното повлекување на Турција од Истанбулската конвенција

Совет на Европа/ Фото: Слободен печат

Германскиот сојузен министер за надворешни работи, во функција на претседател на Комитетот на министри на Советот на Европа, Хајко Маас и претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Рик Даемс и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, дадоа заедничка изјава во врска со најавеното повлекување на Турција од Истанбулската конвенција, јави дописникот на МИА.

 -Турција беше првата земја-членка што во 2012 година ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, донесена во Истанбул под турско претседателство со Организацијата пред 10 години. И тоа го стори со едногласно гласање на Големото национално собрание, потсетуваат тие.

Притоа челниците на Советот на Европа, во кој се членки 47 европски земји, изразуваат „длабоко жалење” за одлуката на претседателот на Турција да се повлече од оваа Конвенција, која е широко поддржана во земјата, без никаква парламентарна дебата.

 -Потсетуваме дека целта на Конвенцијата е да спречи насилство врз жени, да ги заштити жртвите и да ги гони сторителите. Таа го брани основното право на жените за живот ослободен од насилство. Напуштањето на Конвенцијата ќе ги лиши Турција и турските жени од витално значење за борбата против насилството, додаваат тие.

 На крајот Маас, Даемс и Пејчиновиќ-Буриќ, ги повикуваат турските власти да не го ослабуваат меѓународниот систем за заштита на жените од насилство утврден со Истанбулската конвенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот