Лидерите на Луганск и Херсон ќе поднесат барање до Путин за приклучување кон Русија

Фото Alexander Ryumin / TASS / Profimedia

Проруските власти од украинските области Луганск и Херсон денеска објавија дека ќе поднесат официјално барање до рускиот претседател Владимир Путин за приклучување кон Русија, ден по референдумите наголемо осудени од Западот.

– Драг Владимир Владимирович … барам од вас да го разгледате приклучувањето на Народната Република Луганск кон Русија, како дел од Руската Федерација, изјави прорускиот лидер Леонид Пасечник.

Како што тој додаде, „свесни сме за историските, културни и духовни врски со мултинационалниот народ на Русија”. Според него, придружувањето на Русија е сон на тамошните жители.

Пасечник, како и лидерот на Доњецк, Денис Пушилин, најави заминување во Москва за да се официјализира приклучувањето кон Русија.

Слично писмо до Путин испрати и Владимир Салдо, лидер на окупациските власти во Херсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот