Лидерите на ДС, ДОМ и ЛДП на средба со Пендаровски

Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Горан Милевски (ЛДП)

Лидерите на Демократски сојуз, ЛДП и ДОМ, Павле Трајанов, Горан Милевски и Маја Морачанин, попладнево или вечерва ќе се сретнат со претседателот на државата Стево Пендаровски, на негова иницијатива, потврдија од трите партии, кои се дел од владејачката коалиција.

Тема на разговор ќе биде францускиот предлог за почнување преговори со ЕУ, кој според информации на „Слободен печат“, до крајот на неделава треба да влезе во Собранието.

Помалите партии од коалицијата на Димитар Ковачевски не дадоа поддршка за францускиот предлог и го оценија како штетен за државата. Нивното евентуално излегување од владината коалиција би предизвикало политичка криза, со оглед на тесното мнозинство што го има власта во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот