Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“ги утврдуваат приоритетите на идната Влада!

EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Бројни се предизвиците со кои ќе се соочи Црна Гора по парламентарните избори кои се одржаа на крајот на минатиот месец.

Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, денес во Подгорица разговараат за програмата и приоритетите на идната влада, како и за поделбата на одговорностите.

Бројни се предизвиците со кои ќе се соочи Црна Гора по парламентарните избори кои се одржаа на крајот на минатиот месец. На претходните средби не беше детално разговарано за поделбата на надлежностите, а засега е веројатно дека Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар, а коалицијата „Мирот е наша нација“ ќе ја добие позицијата претседател на Собранието.

Политичкиот аналитичар и новинар Весељко Копривица за Слободен печат вели дека довчерашните лидери на опозицијата Дритан Абазовиќ, Здравко Кривокапиќ и Алекса Бечиќ се обврзуваат дека нема да го сменат црногорските Устав, химна и надворешната политика, како и одлуката за признавањето на Косово.

„Тесното мнозинство од 41 пратеник е составено од повеќе партии кои уште сега покажуваат меѓусебно нетрпение. Црна Гора е членка на НАТО, а не смее да се промени и поглавјето за пристап во ЕУ кое е од исклучителна важност за иднината на Црна Гора.  Без разлика дали надворешната политика на досегашната влада, и се допаѓа или не на идната влада. “ оценува Копривица.

Тој вели дека идејниот лидер на оваа тврдоглава коалиција која треба да је преземе власта е всушност митрополитот на Српската православна црква Амфилохије Радовиќ.

„Митрополитот по изборите е исклучително активен во својство на градежник, дејност за која има сериозно искуство. Тој планира идната година во Цетиње да го изгради соборниот храм Света Троица, во кој планира да пренесе три реликвии од кои една, иконата Богородица Филермосе, која се наоѓа во Народниот музеј на Црна Гора. Исто така на наследниците на династијата Караѓорѓевиќ сака да им ја врати црквата на Свети Стефан која по Втората светска војна е национализирана и претставува едно од културните добра на Црна Гора. “

За мешањето на Србија во внатрешните работи на Црна Гора се огласи и Министерството за надворешни работи на Црна Гора со соопштение.

„Изјавата на Вулин, дадена веднаш по парламентарните избори, дека „Црна Гора се врати при себе, климата се смени, веќе ништо нема да биде исто“, потврдува, за жал, дека нема ништо ново во политиката на Белград кон Црна Гора, кога станува збор за нејзиното суверено право да одлучува за главните насоки на внатрешната и надворешната политика. “ пишува во соопштението.

Црногорското МНР соопшти и дека покрај српските политичари, црковните великодостојници исто така придонесоа во кампањата „за немешање”.

„На пример. Патријархот Иринеј, во присуство на претседателот Вучиќ, изјави дека во Црна Гора се случуваат работи што „не постоеле ниту за време на Отоманската империја“, дека целта е „да се протера српскиот народ, како што тоа го правеа усташите во Хрватска“ и дека Црна Гора „создава нова, црногорска нација“, што, патем, е постојана тема на оваа свештеничко-национална реторика. Во овој контекст,  со жалење оценуваат од МНР дека мешањето на Србија во внатрешните работи на Црна Гора е аксиома која е присутна во поголема или помала мера со децении.

Копривица оценува и дека формацијата на малцинска влада е исто така во центарот на вниманието. Бошњачката пртија која за разлика од  парламентарните избори во 2016 година освои 35% повеќе гласови, го понуди концептот на малцинска влада како оптимално решение во моментот и гаранција за понатамошниот европски пат на Црна Гора. Нејзиниот претседател, Рафет Хусовиќ, рече дека немало официјален повик за малцински партии да дојдат на власт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот