Лидерите на Г20 во четврток ќе одржат видеоконференција за пандемијата на коронавирусот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува кризата со коронавирусот да предизвика глобална рецесија.

Лидерите на дваесетте најголеми светски економии (Г20) в четврток ќе одржат видеоконференција за пандемијата на коронавирусот, објавија западните медиуми.

Министрите за финансии од Г20 и централните банкари вчера на видеоконференција се договорија да усвојат „акционен план” за Ковид-19.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува кризата со коронавирусот да предизвика глобална рецесија.

Вонредниот самит на лидерите ќе ја компликува војната околу цената на нафтата меѓу Саудиска Арабија и Русија и зголемените на тензии меѓу САД и Кина во врска со изворот на новиот вирус со кој се заразени над 380.000 луѓе, а починати повеќе од 16.500.

Генералната директоркна на ММФ, Кристалина Георгиева ги поздравува фискалните и монетарните мерки преземени од некои земји, но смета дека тоа не е доволно.

Агата Демараис од компанијата „Економист Интелигенс” истакна дека имајќи ги предвид ограничувањата на монетарната политика, членките на Г20 можат да го поттикнат растот единствено со фискален стимул, но и тоа е дискутабилно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот