Лидерите на ЕУ со заедничко писмо ја поддржаа ЛГБТ заедницата во борбата против Унгарија

ЛГБТИ парада
Парада на гордоста/ Фото Архива на Слободен печат

Лидерите на 17 земји на ЕУ објавија заедничко писмо во кое нагласија дека ќе ја продолжат во борбата против дискриминацијата на ЛГБТ заедницата.

Писмото доаѓа ден по изјавата на Европската комисија дека ќе превземат правни постапки против новиот унгарски закон.

Заедничкото соопштение на лидерите е испратено неколку дена пред Меѓународниот ден на ЛГБТ заедницата, кој е на 28ми јуни, а во него напишано е за лесните закани со кои се соочуваат припадниците на заедницата околу основните права, како и за посебните принципи на недискриминацијата врз основа на сексуалната припадност, пренесува брислески Политико.

Во писмото не се споменува Унгарија или нивниот закон, но јасно и очигледно е дека се работи за нив, откако унгарскиот парламент го усвои законот со кој се забрануваат ЛГБТ содржини во учебниците.

Меѓу потпишаните лидери во писмото се Александар Де Кро (Белгија), Мет Фредериксен (Данска), Ангела Меркел (Германија), Каја Калас (Естонија), Мајкл Мартин (Ирска), Кирјакос Мицотакис (Грција), Педро Санчез (Шпанија), Емануел Макрон (Франција), Марк Руте (Холандија) и Марио Драги (Италија). Покрај нив се потпишаа и лидерите од Кипар, Латвија, Луксембург, Малта, Финка и Шветска.

Фон дер Лајен: Унгарскиот анти-ЛГБТ закон е срамен и дискриминирачки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот