Лидерите на ЕУ се задолжија за строги мерки поради новите соеви

Лидеритена Европската унија синоќа се залоѓија за останување на строгите ограничувања и з забрзување на вакцинацијата потив корона вирусот поради разни соеви на тој вирус. 

„Епидемиолошката ситуација останува сериозна а новите варијанти на корона вирусот претставуваат дополнителни предизвици. Затоа мора да ги задржиме строгите ограничувања, а истовремено да се зајакнат напорите за побрза испорака на вакцините“, наведоа лидерите на ЕУ по првиот ден од онлајн самитот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека наредната недела ќе бидат тешки во делот на вакцинацијата.

„Моменталната состојба е тешка…Но, би сакал да упатам порака на оптимизам. Имаме средства со кои ќе ѝ обезбедиме на ЕУ клучна улога за излегување од кризата во наредните месеци“, рече Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот