Лидерите на ЕУ сè уште без договор за датум за преговори со Скопје и Тирана

Лидерите на Европската Унија се разотидоа околу два часот изутринава по долга вечер преговори за проширувањето, но без договор и без заклучоци ни за Скопје ни за Тирана.

Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за медиумите кусо порача дека се надева дека лидерите ќе се навратат на прашањето во текот на денешниот ден, но без гаранции. Разни национални делегации различно брифираат, додека едните се надеваат дека ќе се наврати ЕУ на проширувањето денеска, други тврдат дека нема политичка волја за тоа.

ЕУ требаше вчера, по две одлагања, да донесе „јасна и суштинска” одлука за отпочнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, согласно препораката на Европската Комисија и општиот консензус во ЕУ дека двете земји се подготвени за следниот чекор. Но, недостатокот од политичка волја надвладеа.

Повеќето земји членки ја обвинуваат „тврдоглавоста и кусогледоста” на Франција кон Западниот Балкан. Претседателот Емануел Макрон одбива секаков напредок во проширувањето додека не се измени методологијата на преговарачкиот процес, реформа која може да трае со години и за која Париз не дава конкретни одговори како треба да изгледа.

Од друга страна, земји како Холандија и Данска не сакаат да започнат преговори со Албанија. Во Хаг тоа е став на парламентот, и владата смета дека не може да го игнорира гласот на пратениците. За Холандија зелено светло беше прифатливо единствено под услов да се одвојат двете земји.

Конечно, третата група, најбројната, се земјите кои сметаат дека преговорите треба да почнат со двете земји, иако повеќето од нив велат дека беа подготвени да прифатат да се оди напред само со Македонија доколку тоа биде прифатливо за Франција.

Франција меѓутоа не се согласи со оваа варијанта, додека нејасен остана ставот на Германија до крај, за која одредени делегации брифираа дека е „непопустливо” против одвојувањето, други држави членки сметаа дека Париз и Берлин пак се кријат еден зад друг.

По неколку обиди за нацрт заклучоци, кон полноќ паднал француски предлог за компромис: да се одложи по четврти пат одлуката за пролетта 2020, пред самитот за Западен Балкан во Загреб. Опцијата била неприфатлива за повеќе земји кои сметаат дека не смее да има никакво одлагање, брифираат дипломатски извори, и дека одлуката „мора да се донесе денеска или утре”.

Поради ова земјите поддржувачи на проширувањето го одбиле францускиот предлог и одлучиле дека е „подобро да нема воопшто заклучоци отколку лоши заклучоци”, велат за МИА извори од земја членка на ЕУ.

-Западните земји едноставно не разбираат, има целосно отсуство на разбирање на реалноста надвор, подобро е што не се договоривме за текст, ова е навистина сериозно и сметаме дека е работа на претседателот Туск да стори нешто сега- додава дипломатски извор од источноевропска земја на ЕУ.

Самитот продолжува денеска од 9:30 часот, на дневен ред главна точка е повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, климатските промени и стратешката агенда на ЕУ, во присуство на идната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн.

– Време за разговор има доколку има волја за тоа, само буџетот е тешка тема, другите се симболични…- заклучува изворот на МИА во разговор по самитот.

Прочитајте и...  Над 100 деца заразени од коронавирус во Албанија

Прочитај повеќе

Њујорк пост: Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус

Слободен печат

Шахпаска: Преку инвестиции во инфраструктурата, инвестираме во економијата и во иднината

Слободен печат

Лукаревска: СДСМ не копа ровови, туку гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

Слободен печат

Реџепи: ВМРО-ДУИ може да формираат коалиција, но во опозиција

Слободен печат

Интегра во Куманово: Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија

Слободен печат

Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шеесетгодишна кавадарчанка сплете завеса за време на корона

Слободен печат

Зибери од Тетово: Општините ќе добиваат повеќе пари од државата

Слободен печат

Богојески и д-р Тепшиќ: Да го промениме трендот на иселување на населението од Македонски брод

Слободен печат

Убиени 4 лица во експлозии во Сомалија

Слободен печат

Јанушев од Лозово: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара референдум каде што граѓаните ќе се изјаснат за изградба на кафилерија

Слободен печат

Минатата недела во Охрид 50, во Струга 52, а во Дебар 13 потврдени случаи на КОВИД-19

Слободен печат