Лидерите на ЕУ продолжуваат да работат на ковид-пасоши со кои би се овозможил туризмот ова лето

Фото: EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Лидерите на Европска Унија синоќа се согласија да продолжат работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот ова лето.

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот Самит на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека олеснетото патување за вакцинираните луѓе би ги дискриминирало другите.

Лидерите на 27 земји-членки на Унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања” на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот.

– Мораме да се подготвиме дека ќе мораме континуирано да се вакцинираме подолг временски период поради новите видови на коронавирусот, посочи Меркел.

Исто така и претседателот на Франција, Емануел Макрон наведе дека ЕУ „долгорочно ќе мора да живее со овој вирус”.

Премиерот на Италија, Марио Драги побара поостар став на ЕУ кон фармацевтските компании кои доцнат во испораката на вакцини против Ковид-19.

Додека претседавачот со Самитот на ЕУ и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел побара „поголема предвидливост и транспарентност” од фармацевтските компании кои не ги испорачаа договорените количини вакцини, поради што не може да се реализира целта – вакцинирање на 70 отсто од возрасното население до крајот на летото во ЕУ.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изрази уверување дека е можно постигнување на таквата цел. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот