Лидерите на ЕУ повторно во Киев

Фон дер Лајен во Киев/ Фото Твитер

Утре во Киев ќе се одржи самитот на ЕУ, што е прв ваков собир на највисоките претставници на Европската унија од почетокот на руската инвазија. По тој повод денеска и утре во Киев ќе пристигнат повеќе од 10 високи претставници на ЕУ, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На самитот ќе се разговара за испраќање дополнително оружје и пари во Украина, зајакнување на пристапот на украинските производи на европскиот пазар, помош на Украина да ги покрие своите енергетски потреби, воведување нови санкции против Русија, одговорност на руските лидери за војната и можност за проширување европската зона без роаминг до Украина, пренесува Гардијан.

Но, во исто време, желбата на Украина за брз влез во Европската унија ќе остане без внимание. Имено, ЕУ не само што очекува повеќе антикорупциски мерки од Украина, туку и не сака да прифати за членка земја во која беснее најголемиот вооружен конфликт од Втората светска војна.

Украинскиот премиер Денис Шмигал неодамна изјави дека Украина сака да се приклучи на ЕУ во следните две години, но очигледно тоа нема да се случи најмалку уште пет години, а веројатно и подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот