Лидерите на ЕУ на дводневен самит во Брисел

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска и утре во Брисел ќе се состанат на последниот самит во 2019 година.

Ова ќе биде првиот состанок на врвот со кој ќе претседава новиот претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Првиот ден од декемврискиот самит на ЕУ лидерите ќе му го посветат на усвојувањето на заклучоците од Конференцијата за иднината на Европа, што е замислена како форум на кој во следните две години граѓаните, граѓанските здруженија и институциите на ЕУ ќе дебатираат за можните внатрешни реформи на ЕУ.

Втората тема на Европскиот совет ќе биде посветена на климатските промени. Се очекува лидерите на ЕУ да ги усвојат насоките за долгорочната стратегија на ЕУ во борбата против климатските промени, што ќе се темели на остварување на „климатски неутрална Европа” до 2050 година.

Во текот на вечерата ЕУ лидерите ќе разговараат и за новиот долгорочен буџет, како една од одредниците на иднината на Унијата.

Првиот ден од самитот лидерите треба да го заокружат со размена на мислења за односите со Русија, партнерството со африканските земји, ситуацијата во Турција и фунцкионалноста на Светската трговска органзиација.

Лидерите на земјите од членки на ЕУ утрре продолжуваат со работа во форматот ЕУ 27 и разговорите за Еверозоната и засилувањето на Европската економска и монетарна унија.

Самиот крај од самитот ќе биде посветен на Брегзит и подготовките за преговорите за идното партнерство со Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот