Лидерите на ЕУ ќе разговараат за инцидентите на гасоводот „Северен поток“

Шарл Мишел
Шарл Мишел / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за „саботажата“ на гасоводот „Северен поток“ на претстојниот самит во Прага, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Инцидентите се „закана за ЕУ“, напиша Мишел на Твитер по средбата со данската премиерка Мете Фредериксен во Брисел. „Ние сме решени да ја обезбедиме нашата критична инфраструктура“, напиша тој.

„Оштетувањето на гасоводите не е случајно и мора целосно да се истражи“, напиша Фредериксен на Твитер. Пукнатините се „сериозна ситуација за Европа“, додаде таа.

Европските лидери од повеќе од 40 земји се поканети на собир во Прага во четврток, пред лидерите на 27-те членки на Европската унија да се состанат на самит во петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот