Лидерите на Египет, Јордан и Ирак одржаа средба во Багдад

Фото: EPA-EFE/AHMED JALIL

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска пристигна во Багдад, што е прва официјална посета на Ирак по повеќе од 30 години. Тој присуствуваше на трилатерална средба со лидерите на Јордан и Ирак за продлабочување на економската и безбедносната соработка.

Ал-Сиси беше пречекан од претседателот на Ирак Бархам Салих, а кралот на Јордан, Абдула Втори, пристигна нешто подоцна, по што се сретнаа со премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадими.

– Оваа посета е важна порака до нашите луѓе да се поддржат едни со други и да се обединиме за да им служиме на нашиот народ и на луѓето од регионот, рече ал-Кадими во соопштението лиферувано од неговиот кабинет.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин на прес-конференција по состанокот рече дека се разговарало за широк спектар на теми, вклучително и економска и политичка соработка, големи индустриски проекти и трговија со лекови и земјоделски пестициди.

Разговорите, кои беа поздравени од САД, опфатија и регионални прашања, вклучително и кризата во Сирија, конфликтот меѓу Израел и Палестинците и војната во Јемен.

– Ирак мора да биде изолиран од регионалните интервенции, рече по средбата јорданскиот министер за надворешни работи Аиман Сафади пред новинарите.

Ирак веќе потпиша клучни економски и трговски договори и со Јордан и со Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот