Лидер на сириските бунтовници: Режимот на Асад е пред уривање

Лидерот на бунтовничката група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), Абу Мохамед ал-Јолани, во соопштение вечерва порача дека „падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е многу близу“.

Тој ги повика своите борци да бидат „милосрдни“ кон цивилите додека ги ослободуваат териториите под режимот.

„Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е пред вратите. Затоа, повторно ве советувам, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и внимателни кон нашиот народ во градовите и селата каде влегувате како понизни освојувачи“, изјави Јолани.

Оваа порака доаѓа во период кога бунтовничките сили напредуваат во Сирија, приближувајќи се до стратешки важни региони, додека судирите продолжуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот