Лице на ангел, мозок на ѓавол: Четирите кралици на дрогата

Дека наркокартелите не се резервирани само за мажите, докажува примерот на жените кои често се посурови од своите колеги.

Според проценките на полицијата и безбедносните служби, бројот на жените во наркокартелите во последниве три години пораснал за околу 400 проценти, а голем дел од нив ги наследиле убиените сопрузи на нивните места во криминалните организации.

Во продолжение запознајте ги четирите најозлогласени кралици на дрогата.

Гризелда Бланко – Црната вдовица

„Сè што прави мажот, жените можат уште подобро бидејќи се пострастни“, е една од изјавите на оваа Колумбијка која се качила на чело на еден мафијашки картел во 1980-тите години, кога во Мајами владеела таканаречената кокаинска грозница.

Бланко била склона кон криминал уште на рана возраст. На 11 години киднапирала едно дете, а патот ја одвел во Америка каде што станала организаторка на мрежа која кокаинот го внесувала од Колумбија и го препродавала во Америка. Поради тоа, освен прекарот Црна вдовица, го добила и прекарот Кума на кокаинот.

Таа заработувала и по осум милиони долари на месец, а до култниот статус дошла благодарение на својата безобзирност во работењето. Се претпоставува дека е одговорна за преку 200 убиства, а полицијата ја фатила дури во 1985 година.

 

Енџи Санклементе Валенсија

Колумбијката Енџи во јавноста станала позната кога победила на еден од тамошните избори за мис.

Работела како фотомодел за долна облека. Завршила во врска со водачот на мексикански картел, познат под прекарот Чудовиште.

Тој ја учел и ја вовел во работата, а кога раскинале, одлучила да започне сопствен бизнис со дрога. Без проблеми носела дрога од Аргенитна во Англија преку моделите кои работеле во нејзината агенција за манекенки, која ѝ била само параван.

Среќата на крај ѝ го свртела грбот кога една од манекенките е откриена со дрога, па Енџи завршила во затвор во Аргентина.

Анел Виолета Нориега Риос

Попозната како Кралица на злостроствата или Убава, Анел веќе со години е на листата на најбарани криминалци во Северна и Средна Америка. Била шефица на испораката на наркокартелот Ла фамилија и била задолжена за организација и надзор на продажбата на метамфетамини, марихуана и кокаин на подрачјето на САД.

 

Сандра Авила Белтран

Таа била една од првите жени која се пробила во матните води на наркобизнисот, а со својата работа го заслужила прекарот Кралица на Пацификот. Таа била врска меѓу два озлогласени картели – мексиканскиот Синаол и колумбискиот Норте дел Вале. Двапати се мажела, а во двата случаи мажи ѝ биле корумпирани полициски службеници. Двајцата завршиле на ист начин – со смрт под неразјаснети околности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот