Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија - Слободен печат

Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

Како резултат на барањата на многу граѓани, констатиравме дека ова прашање треба да се изготви како закон, рече Исмаили.

Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат години стаж што им фалат за да може да се стекнат со старосна пензија. Ова го предвидува Предлог-законското решение кое е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Предлогот е поднесен од група пратеници од ДУИ, а како што појасни еден од предлагачите Реџаиљ Исмаили, иницијативата произлегува од барањата на граѓаните кои години наназад се соочуваат со ваков проблем.

– Како резултат на барањата на многу граѓани, констатиравме дека ова прашање треба да се изготви како закон, рече Исмаили.

Пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе дадат поддршка на предлог-законот и оценија дека се работи за продолжување на законското решение што ВМРО-ДПМНЕ го донела во 2015 година. Најавија амандмани во второто читање со цел да се подобри законското решение. Дел од нив имаа забелешка на периодот во кој се поднесува законот и сметаат дека се работи за предизборен закон за купување на гласови.

Прочитајте и...  Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Според Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, законот ќе предизвика финансиски импликации, на што реагираше Исмаили кој ги негираше ваквите тврдења со образожение дека со откупот на стажот ќе се слеат средства во Фондот на ПИОМ. Во однос на времето кога се поднесува законот, Исмаили појасни дека сега се предлага законот за да има континуитет по носењето на законот за стечајни работници.

Расправата по оваа точка од дневен ред продолжува по редовната едночасовна пауза.

Прочитај повеќе

Шилегов: Програмата на „Лајка“ не е Библија, па да не може да се смени

Чулев: Воопшто не размислувам за поднесување на оставка

Слободен печат

Манчевски: Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести

Слободен печат

ЈО отвори истрага за недостиг на патни исправи

Слободен печат

Техничките и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја напуштат Владата?

Слободен печат

Спасовски и Столтенберг во Брисел: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди

Слободен печат

Остави Коментар

1 × пет =

Прочитај повеќе

Спасовски: Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО

Слободен печат

Издадени осум сериозни предупредувања за поплави во Британија

Слободен печат

Милановиќ при заклетвата ја парафразирал култната белградска група ЕКВ

Слободен печат

Што значеше „Маршот за правда“

Ерол Шаќири

Пешева од „Анима Мунди“: Стапката на усмртување на кучиња ќе биде висока (ВИДЕО)

Европската комисија го предупреди Зукерберг да ги регулира содржините во кои има омраза

Слободен печат