Лицата родени во овие три хороскопски знаци важат за најуспешни

Доколку некогаш сте се запрашале дали може успехот навистина да биде запишан во ѕвездите, одговорот е потврден. Како што пренесува магазинот Космополитан, една американска страница спровела истражување со цел да дознае во кои хороскопски знаци се родени најбогатите луѓе во светот.

Овие три знаци се на врвот на листата:

Лав

Меѓу 100 милијардери на листата на Форбс дури 14 се родени во знакот на Лав. Лавовите важат за многу успешни и одважни лица, доколку во нешто забележат потенцијал, тие се одлучуваат да ризикуваат, што главно ги води до повисоките позиции и поголемите суми на пари на сметката.

Вага

На истата листа 11 лица се родени во знакот на Вага. Иако во животот првенствено тежнеат кон балансот, вагите се подготвени да жртвуваат одреден сегмент во животот и да го посветат на работата со цел на себе и своето семејство да им обезбедат и повеќе од светла иднина.

Водолија

Водолиите се изразено амбициозни и оптимистични луѓе. Понекогаш знаат да погрешат и добро да се изгорат, но нивната самодоверба и желбата за успех често ги доведува до надпросечен живот. Инаку, Водолиите во листата на Форбс за најбогатите луѓе на светот исто така се 11 на број.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот